Во Македонија денеска се одржува вториот круг од претседателски избори. На 3480 избирачки места своето право на глас можат да го остварат 1.808.131 граѓанин, запишани во избирачкиот список. За изборите да бидат успешни потребно е на гласање да излезат најмалку 40% од вкупно запишаните граѓани со право на глас.
Истовремено во Охрид во втор круг ќе се гласа и за избор на градоначалник поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.
Гласањето ќе се спроведе на 88 избирачки места во општината од 7 до 19 часот.
На единствениот избирачки список во Општина Охрид за избор на градоначалник се запишани 52.273 гласачи, а за претседател 52.193. Разликата е поради запишаните гласачи во дијаспората.
Вчера гласаа болни и изнемоштени лица и затвореници.
OhridNews