Италијанскиот калчолигаш Јувентус го потврди вториот случај на заразен фудбалер со коронавирусот. Клубот, не го соопшти името но медиумите Италија стигнаа до информацијата и открија дека се работи за Блас Матуиди.
Прв кој имаше позитивен тест на коронавирусот беше Даниеле Ругани. Дефанзивецот веднаш беше префрлен во самоизолација, а останатите фудбалери во карантин. Позитивна на коронавирусот беше и девојката на Ругани, Микела Персико.
Италија е жариштите на коронавирусот. Со смртоносниот вирус заразени се десеттици илјади, а над 1 000 починаа. Во дел од градовите во Италија има полициски час.
OhridNews