Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски учествуваше на Европскиот Таеквон-до ИТФ куп во Софија, соседна Бугарија, каде учествуваа 966 натпреварувачи од 14 земји од Европа. Боите на нашата држава ги претставуваа 10 натпреваувачи кои и овој пат постигнаа успеси освојувајќи 2 златни и 2 сребрени медали.

Се гордеам што имаме натпреварувачи од типот на Давид Крстески и Христијана Парулеска, Божидар Димитриевиќ, а уште повеќе ме радува што имаме и помлади генерации како Миа Танеска, кои одат по стапките на најдобрите. Сакам да ги пофалам сите натпреварувачи кои ја претставуваа М.Т.Т.Ф , кои покажаа голема пожртвуваност и храброст, достојно претставувајќи ја Македонија. Херојот на овој Европски куп е Давид Крстески кој на патот до златото имаше пет победи. Првата беше со претставникот на Бугарија, а потоа со четири натпреварувачи од Украина која е една од најјаките репрезентации во светот кои на Евро Купот учествувава со околу 300 натпреварувачи. Како некоја навика ние секогаш на секој натпревар имаме последни борби, па така и овој пат категоријата од Давид остана последна во спортската сала. За полуфиналето и финалето до борилиштето на Давид Крстески дојдоа над 300 Украинци кои ги бодреа нивните претставници на цел глас. Давид Крстески место да подлегне на нивните овации, во стилот на Новак Ѓоковиќ, сам против сите, мајсторски ги победи нивните претставници, со што можеме да се пофалиме дека доживеавме за нас како Македонија да навиваат и Грци, Бугари, Срби Словенци, вели претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски.

Како претседател на Федерацијара упатува огромна благодарност до организаторите, БИТФ, кои, вели, за полуфинале и финале ги одбраа најдобрите судии кои судеа независно.

Оваа година Давид Крстески има загубено само една борба во полуфинале на Европското првенство во Копер, Словенија, додека на сите останати натпревари е неприкосновен во својата категорија. Исто така Христијана Парулеска херојски влезе во повозрасна категорија 16-17 години, иако нејзината категорија е 14-15 години, но со желба да се спреми за наредното Европско првенство, оваа година натпреварува на сите натпревари во повозрасна категорија. Во првата борба Христијана ја победи доминантно домашната претставничка која е исто така Европска медалистка. На патот до среброто имаше уште две борби со претставнички од Грција, кои после нерешени резултати на златен поен ги декласира влегувајќи во полуфинале, каде ја пречека Словенската репрезентативка и актуелна шампионка во таа категорија, и очекувано Христијана во тесна борба ја загуби битката за злато, истакнува Лазаревски.

Потенцитра дека Миа Танеска, една од помлади натпреварувачките, докажа дека е апсолутен шампион во нејзината категорија, повторно искачувајќи се највисоко на пиедсталот, осовјувајќи златен медал, со што оваа година Миа е без пораз во нејзина категорија.

Божидар Димитриевиќ го освои сребрениот медал победувајќи двајца натпреварувачи од Украина, додека во финале во тесна борба до самиот крај загуби од домашниот натпреварувач.

Владимир Димитриевиќ првата борба ја заврши мајсторски, додека во другата беше поразен од страна на судиите, а истата судбина ја имаа и Марио Крстески и Климент Богоески, додека, Давид Ристески, Филип Митрески и Јохан Парулески, покажаа одлични борби но загубија во првиот круг.

Изразуваме благодарност до Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Министерство за спорт, Општина Охрид ЈП Градски пазар, кои ни помогнаа да учествуваме на овај престижен Европски Куп, додава Лазаревски.

Освојувачи на медали:

Давид Крстески 1 место, злато борби младин ци У-18 години -63 кг.
Миа Танеска 1 место, злато борби девојчиња 10-11 години +55 кг.
Христијана Парулеска 2 место, сребро борби младинки У-18 години -58 кг
Божидар Димитриевиќ 2 место, сребро борби сениори 18-34 години -92 кг

OhridNews