Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно Законот за празниците, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека за верниците од православна вероисповед, неработен ден е и 17.4.2009 година, Велики Петок, петок пред Велигден.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.