Во последните 24 часа се регистрирани нови 1.394 случаи на Ковид-19, од кои 39 во Охрид, 45 починати и 479 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Во последните 24 часа се направени 4.920 тестирања. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 592, следат Куманово – 104, Битола – 101 ,Прилеп – 63,Велес – 60, Кавадарци – 50, Тетово -38, Штип – 37, Гостивар – 35, Струмица – 31, Кичево – 30, Кочани – 24, Неготино – 21, Свети Николе и Ресен – по 19, Гевгелија – 18, Струга – 17, Радовиш и Берово – по 14, Делчево и Виница – по 11, Крива Паланка – 10 ,Валандово – 8, Богданци – 6, Демир Капија – 5, Македонски Брод – 4, Дебар – 3, Пробиштип,Кратово и Пехчево – по 2, Крушево, Демир Хисар,Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Од починатите најмладиот е на возраст од 50 години, а највозрасниот 95.
Во моментов во Охрид активни се 876 случаи.
OhridNews