Terazza Aquarius
Од 11.09.2020 - 17:00 до 11.09.2020 - 23:00
Доколку сте љубители на рачно изработен накит, овој настан е токму за вас. На 11 септември, петок, кафе-тераса „Аквариус“ и „Simplycated“ го организираат вториот базар на накит.
Ќе бидат изложени новите производи од сезоната есен-зима, а ќе има и попуст на летната колекција. Доколку сте заинтересирани, наминете, ѕирнете и купете. Исто така, ветуваме одлична атмосфера. – порачуват организаторите.
Базарчето ќе е сместено веднаш на влезот од „Аквариус“ и ќе биде отворено од 17 до 23 часот.
OhridNews