Друштвото на астронаути од Меѓународната вселенска станица (ИСС) биле принудени на евакуација во руската капсула Сојуз, по блиската средба со вселенско ѓубре. Трите члена на екипажот се надвор од опасност и се вратиле на ИСС, потврдиле руските контролори на мисијата.
НАСА пак, известила дека веста за опасноста од отпадот од вселената дошла предоцна за вселенската станица да се помести од своето место и евакуацијата била единственото решение.
Блиската средба со отпадот се случува само два месеци откако во вселената над Сибир се судрија два сателити.