Вселенскиот патријарх Вартоломеј повика на итен прекин на војната во Украина.

Војната го поткопува човечкото достоинство и е провокативно кршење на Божјата заповед да се сака ближниот, рече Вартоломеј за време на велигденската честитка.

Оваа година, во ноќта кон Велигден во цела Украина беше во сила полициски час поради страв од провокација на руските војници. „Непријателот е подмолен, а најважна за нас е безбедноста на луѓето“, објаснува шефот на Киевската регионална воена управа Ал Пављук.

На многу места, на луѓето им беше забрането да ги посетуваат храмовите на Велигденската ноќ поради опасноста од целни напади од Русите.