Филмскиот хит во најава, „Вселенски баскет 2: Ново наследство“ (Space Jam: A New Legacy) – продолжение полуцртаната комедија со Мајкл Џордан, овојпат ќе биде без сега веќе контроверзниот Пепе ле Пју.

Всушност, како што пренесуваат американските медиуми, „Ворнер брос“ веќе трајно „го пензионирале“ смрдливиот твор со тврд француски нагласок и „романтичарски“, но наметлив нарав.

Во вториот дел на „Вселенски баскет“ ќе глуми Леброн Џејмс, а првото прикажување на филмот е закажано за 16 јули оваа 2021 година.

OhridNews