Со ефективно собирање на изобилната соларна енергија во вселената би можел да се реши проблемот со исчезнувањето на ресурсите на Земјата, тврдат научниците. Истражувањето кое го спровеле научници во Франција покажало дека соларната енергија ќе има голема улога во енергетските потреби во 21 век. Како едно од решенијата се спомнува безжичното пренесување на енергијата од вселената, со сателит на земјата.


Собирањето на енергијата ќе се врши со помош на огромни сателити на кои ќе има панели за собирање на сончевите зраци. На истите таа енергија ќе се претвара во електрична и како таква ќе се дистрибуира на земјата. Овој концепт се предвидува дека ќе заживее за некои 30 години, а многу фактори ќе имаат влијание врз тоа. Научниците првенствено имале проблем со финансиите, па прашање е дали некоја влада ќе сака да вложи пари во овој проект.