Полицијата превезувала 24 годишник осомничен за поседување на хероин од градот Алор до градот Кланг во централна Малезија. По долгото возење застанале во северната држава Перак на одмаралиштето покрај автопатот за да отидат во тоалет.


Додека двајцата полицајци биле во тоалетот, затвореникот го совладал полицаецот кој останал со него во автомобилот. Седнал зад воланот и заминал со лисици на рацете. Го успорила полициската блокада на автопатот. Но, упорниот криминалец се свртел и возел во спротивен правец неколку километри. На крајот сепак загубил контрола и удрил во дрво покрај патот.
-Успеавме да го вратиме полицискиот автомобил, но тој побегна, рекол шефот на локалната полиција, Рослан Бек Ахмад.