Охридските стрелци го запоседна врвот на неодамна одржаното Државно првенство во гаѓање со воздушхна пушка-меѓународна програма во категорија на јуниори-ки и сениори-ки, организирано од Стрелачката федерација на Македонија.


Од стрелците кои учествуваа на натпреварот, 4 се закитија со медал, еден стрелец се пласира на 4-то место и во екипна конкуренција-сениори, го освоија 2-то место.

Михаил Шишкоски е севкупен победник на Куповите на МССФ, и новиот Државен првак за 2011 год. со резултат од 572 кругови. Горан Здравески се пласира на 4-то место со резултат од 565 кругови, заостанувајки зад третопласираниот само два круга.

Кај јуниорките, Нина Балабан се пласира на 2-то место со резултат од 367 кругови, а Верица Гоџоска го зазеде 3-то место со резултат од 364 кругови.

Кај јуниорите Апостолоски Бобан се пласира на третото место со резултат од 547 кругови.

Во екипна конкуренција сениори пушка го освоија 2-то место.

ohridnews