На состанокот иако се разговарало за претстојните локални избори не станало збор за конкретни имиња на кандидати за градоначалници, вклучително и за Охрид. Но Заев пред состанокот јасно стави до знаење дека СДСМ силно типува на Охрид на претстојните локални избори. Охрид напредува благодарение на власта која ја практицира СДСМ и тоа може да се забележи на секој чекор рече Заев. Според него досега сработеното од администрацијата на градионачалникот Александар Петрески, ќе биде адут на партијата на претстојните избори. Постапката за избор на кандидати за градоначалници како што било договорено на состанокот во Охрид, ќе биде отворена наредната недела, а кокнкретните имиња ќе бидат познати до 15 декември. До тогаш нема да се разговара ниту за потенцијалниот кандидат на партијата за претседател на државата, кој СДСМ засега го чува во тајност.
Врвот на СДСМ на средба во Охрид. Имињата на кандидатите за градоначалници на 15 декември.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com