Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, кандидатот за градоначалник Константин Георгиески, претседателот на Општинската организација на СДСМ – Охрид Науме Јованоски и членови, денеска остварија средби со граѓани на повеќе локации во градот.
Продолжуваме заедно напред. Цврсто се определивме да ги остваруваме нашите амбициозни и стратешки цели, Охрид да биде град од кој граѓаните нема да сакаат да заминуваат, туку град во кој секогаш ќе се враќаат и во кој ќе ја градат сопствената и иднината на своите семејства. Во континуитет креираме проекти за квалитетна инфраструктура, обезбедуваме подобро урбано планирање, заштита на животната средина, модерно образование, уредени плажи, современ туризам, побрз локален економски развој и социјална сигурност за сите. На 31-ви октомври да покажеме дека можеме да донесеме вистинска одлука и да продолжиме на вистинскиот пат! Да го заокружиме бројот 12 и да донесеме уште една голема победа за Охрид! – порача кандидатот за градоначалник Георгиески.
Претходно лидерот на СДСМ Заев, во изјава за медиумите рече дека развојот на Охрид ќе продолжи само доколку сите се обединат околу политиките коиштио гарантираат напредок, економски раст, но истовремено и заштита на ова преубаво светско природно и културно наследство.
Исходот од овие избори го одредуваат правецот по кој ќе се движи Општина Охрид и нејзините граѓани. Дали тоа ќе биде редот, правдата, правичноста и вложувањето во граѓаните и економскиот развој или неправдата, уништувањето на градот и езерото и трошењето на парите во криминални тендери. – истакна Заев.
Врвот на СДСМ на централно и локално ниво на средби со охриѓани
Г.М.