Во неделата во опуштена атмосфера во кафе барот „Кадмо“, неформална средба имаше врвот на партијата ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Средбата навидум  делуваше релаксирано, иако  пред партијата стојат сериозни одлуки, изборот на претседател на Општинскиот Комитет и изборот на кандидат за градоначалник.


На масата еден до друг седеа четворицата пратеници , заменик министер , доскорашен државен секретар , неколку директори на институции во Охрид , функционерите на ВМРО ДПМНЕ. Се разговарало за идните решенија , чекори и проекти на партијата поврзани со Охрид.


Што се крие зад неформалната средба не нагаѓаме . Дали одлуките се донесени и се смируваат страстите во партијата , многу брзо ќе видиме.

Ohridnews