Првиот човек на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошески го посети премиерниот ракометен камп на Кирил Лазаров, кој од 22 до 28 јуни се одржува во Охрид.

За сериозноста на проектот на македонскиот капитен говорат соработниците кои му дадоа несебична поддршка уште на стартот.

– Премногу ме радува фактот што толку многу деца се заљубеници во ракометот. Исто така ме радува насмевката на децата кои се дел од ракометниот камп. Идејата и потегот на Кирил Лазаров за организирање на ваква манифестација е за вистински поздрав. Со ваквите кампови ракометот во нашата земја ќе оди чекор напред. Ние како Ракометна федерација и јас како прв човек во одговорна фирма како Алкалоид е чест и задоволството да се биде дел од ваков проект. РФМ секогаш ќе ги помага ваквите кампови и во иднина планирамиме и ние сами да организираме.  – рече Живко Мукаетов.

Изминативе денови специјални гости на кампот од Лазаров во Охрид беа македонските репрезентативци Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Борко Ристовски и селекторот на српската ракометна репрезентација Дејан Периќ.

Фото : Емилио

Мх.П.