Во организација на Македонска Асоцијација на сомелиери – во Охрид, во летната бавча и ресторан Канео, денеска, ќе се одржи настанот „Вински тераси“, на кој ќе бидат претставени македонски вина, како дел од туристичката понуда.
Промоцијата има за цел преку вински едукации, развој на винскиот туризам, следење и правилно претставување на македонските вина, како и промовирање на македонскиот вински регион во целост, информираат организаторите.
Настанот почува во 18 часот. Влезот чини 600 денари.
Местата се ограничени.
OhridNews