Врвни психијатри од Македонија и од неколку странски земји ќе бидат дел од Меѓународната конференција „Стресот и анксиозните растројства низ различни животни фази“ што ќе се одржува во Охрид од 29-ти до 31-ви октомври 2015 година.
Според информациите кои се објавени на веб страницата на „Психијатриското здружение на Македонија“, во организациониот одбор на конференцијата се проф. д-р Антони Новотни, проф. д-р Димитар Боневски, проф. д-р Марија Ралева, Ќамил Ковачи, д-р Идриз Неџипи, м-р Павлина Васковаи други.
-Конференцијата ќе отвори можности за споделување искуства и дискутирање за најновите теоретски и практични сознанија во областа на стресот, анксиозноста и справувањето со нив. Конференцијата ќе пружи прилика и за професионално поврзување и соработка, пишува во најавата за конференцијата.
Поканети предавачи на конференцијата се проф. д-р Дејвид Болдвин и проф. д-р Вероника Норбурн од Велика Британија, д-р Волфганг Хагеман од Германија, проф. д-р Дејан Ајдуковиќ од Хрватска, д-р Милан Латас и д-р Борјанка Батиниќ од Србија, д-р Каролина Оверлин и Фреја Улвестад Карки од Норвешка.
OhridNews