Започна со работа новоотворената плажа „Despacito“, во населбата Св.Стефан, на која ќе се одморите и релаксирате уживајќи во прекрасниот поглед, езерската шир, убавата музика и врвна услуга.

„Despacito“ нуди голем избор на безалкохолни и алкохолни пијалоци, како и бројни коктели со кои можете да се освежите од високите температури.

Ќе ве дочекаат секогаш позитивните и насмеани менаџерки Кети Ангелоска и Милена Савеска, кои заедно со својот тим на вработени ќе се погрижат вашиот престој да биде вистинско уживање на охридското крајбрежје.

Тимот на „Despacito“ ветува многу забава и незаборавни моменти во текот на целата летна сезона.

Бидете и вие дел од оваа прекрасна летна приказна. Посетете ја плажата „Despacito“, испите го својот омилен пијалок и имајте единствени мигови со прекрасното зајдисонце.

OhridNews