Секоја жена се грижи на свој начин за својот изглед. Убавината пред и се доаѓа од внатрешноста на жената, па потоа самите си знаеме на кој дел треба да обрнеме повеќе внимание, вели сопственичката на новоотворениот салон за убавина „Ана мејкап артист“, Ана Дејаноска, кој е лоциран на улица „15-ти Корпус“ бр. 15. За мене, додава Ана, секоја жена е убава.

Во прекрасно уредениот простор во салонот за убавина „Ана мејкап артист“ во кој секое катче има своја намена, се нудат за почеток услугите за наградба на нокти, педикир, депилација, „lash lift“ на трепки и „brow lamination“ на веѓи.

Производи од познати брендови се користат за услугите, меѓу нив за депилација восоците на добро познатиот италијански бренд „ItalWax“, додека за шминката покрај производи од повеќе познати брендови, за основната база се применуваат „Kryolan“, „Anastasia“, „Saint Laurent“, „Morphe“, „MAC“..

Најактуелен е можеби маникирот на нокти, сега летниот период секако и педикирот. Со оглед на периодот на свадби и веселби ќе бидат барани и услугите за шминка. Педикирот го препорачувам само во летниот период, бидејќи зимскиот период ногата е затворена и може да се појават некои габични инфекции, додава Ана.

Посебно катче во салонот за убавина има за маникир каде се користат гел лакови од повеќе брендови меѓу нив „Jana Nails“, „Clarissa“, „Victoria Vynn“ и „Cuccio“, а производи од „Cuccio“, како што се пилинзите и морската сол сe користат и за педикирот.

Како услуги се нудат и „lash lift“ на трепки односно закривување и зголемување на густината на трепките и „brow lamination“ или ламинација на веѓите за добивање густи и впечатливи веѓи со производи на познат германски бренд, додека за педикирот се употребуваат производи на „Didier“ и „Staleks Beautytools“ турпиите за еднoкратна употреба, вели Ана.

И покрај тоа што Ана завршила факултет за мултимедија и дизајн и магистрирала менаџмент на човечки ресурси, желбата за шминкањето преовладувала цело време и сепак се насочила кон дооформување на образованието за тоа што најмногу ја исполнува, убавиот изглед.

Завршив курс за шминка во Кариера Плус и почнав во Скопје да се бавам со шминкање. Во Скопје завршив курс и за маникир во Магнетик Академијата. Но, тој период не се бавев со маникир, бидејќи бев насочена кон шминкањето. Во „Cuccio“ се запишав на доедукација. Следуваше пракса и во салоните во Охрид. За депилација, „lash lift“ и „lamination brow“ се едуцирав со Лагуна, додава Ана.

Долгогодишното искуство на Ана, професионалниот и пријателски пристап кон клиентите искомбиниран со палетата на квалитетни производи кои се користат се можеби и повеќе од доволен показател дека салонот за убавина „Ана мејкап артист“ нуди врвна и квалитна услуга која клиентите може да ја добијат со закажување термин на телефонскиот број 075 425-249, секој работен ден од 10.30 часот.

Ана е регистриран заенаетчија која за почеток работи сама, но во иднина има планови за доусовршување и проширување на услугите. Вели би сакала во скоро време да воведе и услуга за нaдградба на свилени трепки, како и масажи на лице кои за почеток би биле само релаксирачки и освежителни третмани.

Фото галерија:

Врвна услуга и професионалност во новоотворениот салон за убавина „Ана мејкап артист“

Н.С.J.
Фото. А. Момироска
OhridNews / PR