Успехот и квалитетот не се случајни. Тие се плод на посветена работа, истражувања, иновации, имагинација. Перфекција доведена со совршенство. Таква е приказната на израелско – американскиот технолошки гигант за производство на импланти „Ditron Dental“ каде веќе 50 години се вкрстуваат науката и уметноста. Од минатата година партнер на овој технолошки гигант е Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ – Прва клиника за импланти во поширокото опкружување со „Дитрон“ сертификат.

Зачекорете во светот каде уметноста и науката се вкрстуваат

„Ditron“ изработува софистицирана опрема за армијата на САД, НАСА, Боинг, Ферари… а врвната технологија ја применува и во изработката на супер прецизни импланти, кои кај нас се достапни во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

Пациентите доколку се одлучат за Дитрон импланти пред се добиваат исклучително квалитени импланти признати низ цел свет, сертифициран имплант пасош како и доживотна гаранција за квалитетот на имплантот. – истакнуваат од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

Во денешно време скоро секој може да биде кандидат за имплант освен одредени заболувања како неконтролиран дијабет или кардиоваскуларни заболувања за кои е потребна консултација со соодветниот доктор. Повеќе информации и соодветни совети, секако, ќе добиете во сертифицираниот и лиценциран центар за импланти „Д-р Баткоски“.

OhridNews