Македонската фудбалска репрезентацијата ќе доживее вртоглав пад од 36 места на најновата ранг листа на ФИФА.
Лошите резултати во серија на „рисовите“ ќе се одрази на рејтингот и од 76 светска веле сила Македонија ќе биде 112 што е најслаб рејтинг што некогаш го имала селекцијата.
Во последните 15 натпревари пријателски или квалификациски репрезентативците имаат претрпено десет порази, а имаат забележано само три победи.
Капак на лошата серија беше убедливиот пораз од Шпанија 5-1 на почетокот од квалификациите за Европското првенство во Франција за две години.
Мх.П.