Вртоглав пад на македонската фудбалска од 14 места на ФИФА листата по поразите во пријателските натпревари од Шведска и Норвешка. На најновата листа на светската куќа на фудбалот македонската репрезентација се наоѓа на 92-то место.
Македонија во јунскиот двомеч претрпе два порази и тоа од Шведска во Малме и Норвешка во Осло (0-1, 0-2).
По долго време Белгија влезе меѓу најдобрите десет селекции, а таму е уште и Хрватска. Србија е на 41 место, Велс на 46, додека Шкотска која ги совлада “коцкестите“ скокна 24 позиции и сега се наоѓа на 50-то место на ФИФА листата.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com