Македонската фудбалска репрезентација никако да направи чекор напред. И по седмите квалификациски натпревари за едно големо натпреварување Македонија не успеа да го скокне четвртото место.
Од седумте настапи во квалфикациите по нашето осамостојување шест пати завршивме како четврти , а едниствено во квалификациите за ЕП 2008 година завршивме петти. Македонија на два меча пред крајот на квалификациите зе наоѓаше мошне блиску до вторто место , но двата порази не сместија на за нас препознатливото четврто место.
Повеќе од јасно е дека нешто мора да се менува, доколку сакаме да ја видиме фудбалска Македонија како дел од едно големо натпреварување.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com