Денес, во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежи од дожд на места ќе има и во текот на ноќта, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура во Охрид ќе биде 16, а минималната 7.
Утре се очекува повторно променливо облачно време, со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во вторник и среда претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот променливо облачно со локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Од четврток се очекува стабилизација на времето и повисоки температури. Ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 4 до 13, а максималната од 20 до 28 степени.
OhridNews