Oд изутрина наместа ќе има појава на повремен дожд. Преку денот ќе биде променливо облачно со повремено засилен јужен ветер. Повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови од земјата. Максимапната температура во Охридскиот регион ќе се движи до 18 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во недела ќе преовладува малку до умерено облачно време со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи особено на југот. Минималната температура ќе достигне 10 степени, а максималната до 23.
OhridNews