Под влијание на нова влажна воздушна маса, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи, особено во западните делови. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 19 степени Целзиуосови.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне со 22 степени.

Повремени врнежи од дожд се очекуваат и во среда.

OhrdNews