Времето денеска ќе биде  променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 14 степени.

За време на викендот не очекува променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9 степени, а максималната од 10 до 19 степени.

Г.М.