Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег кои на места ќе бидат поинтензивни особено во јужните делови од земјава.

Се очекува во целата земја да се формира снежна покривка. Преку денот ќе дува умерен до засилен, а наместа силен ветер претежно од источен правец. Променливото и релативно студено време со повремени врнежи од дожд и снег ќе продолжи и во наредните денови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Под влијание на новиот влажен бран нивото на Охридското Езеро вчера се искачи за уште еден сантиметар и се наоѓа на 694 метри надморска височина, односно +25 сантиметри од максималната граница. Хидролозите укажуваат дека водостојот на реките во сливното подрачје на Охридското Езеро бележи тенденција на намалување, поради што се очекува и стабилизација на водостојот на езерото, кое достигна највисоко ниво во последните 39 години.

OhridNews