Обилните врнежи од дожд во ноември по исклучително сушнот период изминатиот период, ја подобрија хидролошката состојба на Охридското Езеро.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи извршени утрово, нивото на Охридското Езеро е на 693,30 метри надморска височина, што е 13 сантиметри над минималната – нулта кота од 693,17 м.н.в. односно 4 сантиметри над просекот за месец ноември.

Синоптичарите во наредниот период најавуваат нови врнежи кои ќе бидат добредојдени за враќање во кондиција на Охридското Езеро.O

hridNews