Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинските превои Стража, Плетвар и во Маврово и Крушево.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Снежна покривка веќе има на Попова Шапка, Маврови Анови, Пожаране, Крушево.
OhridNews
фото. Архива