Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од ЈП Македонијапат.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, посочуваат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Инаку, законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба е во сила се до 15.03.2025 година.

OhridNews

фото. Архива