Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од ЈП Македонијапат.
Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, посочуваат.
Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово.
OhridNews
фото. Архива