Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, информира АМСМ.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово и на планинските превои Стража, Буково и Пресека.
Од АМСМ додаваат дека намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри утрово има на патниот правец Куманово – Страцин и до 80 метри на планинскиот превој Буково.
OhridNews
фото. Архива