Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од Македонијапат.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на патните правци Крива Паланка – Страцин, Тетово – П.Шапка, Гостивар – Тетово, Тетово – Желино, во Маврово и на планинскиот превој Стража, но во моментов не преставуват пречка за одвивање на сообраќајот, посочуваат.
Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на планинскиот премин Стража и во Маврово.
OhridNews