Според информациите добиени во АМСМ , сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по влажни коловози. На планинскиот премин Буково има слаби врнежи од снег и мали остатоци од снег на коловозот, но нема проблеми во одвивањето на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март.

OhridNews