Продуцентите на хорор филмот „Врисок“ имаат намера ова остварување да го адаптираат и во телевизиска серија, која би се прикажувала на музичкиот тв канал MTV. Како што пренеле медиумите, засега многу малку се знае за овој проект и неговите учесници.
Соработката на сценаристот на оригиналната верзија, Кевин Вилијамс, е под знак прашање, а сеуште немало потврда ниту од Вес Крејвен, режисерот на оваа франшиза која заработила повеќе од 500 милиони долари ширум светот. „Врисок“ во кината прв пат се појавил во 1996 година и постигнал голем успех, за потоа да бидат снимени уште три продолженија од филмот.