Врие во кампот на Милан, Ибрахимовиќ и Онијеву си размениле удари
06.11.10 13:07
Висок е притисокот во кампот на росонерите, Миланело, каде на вчерашниот отворен тренинг за гледачите, за време на играта десет на десет, се пресметале напаѓачот Златан Ибрахимовиќ и бранителот Огучи Онијеву.
Швеѓанецот ни малку нежно стартувал врз американецот кој по стартот го возвратил ударот и го нападнал Ибрахимовиќ. Рапсправијата не ескалирала благодарение на реакцијата на тренерот Масимилијано Алегри, кој го прекинал тренингот и ги повикал двајцата фудбалери на разговор во неговиот кабинет.
Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, излезе во јавност со смирувачка изјава, објаснувајќи дека ваквите работи често се случуваат, и воопшто нема да ја наруши атмосферата кај миланезите.
Корпулентниот Американец Онијеву, во Милан дојде пред две години, но поради повредата на коленото заработена на квалфикацискиот меч САД – Костарика, оттогаш настапи само еднаш во “црвено-црниот“ дрес и тоа против Цирих во Лигата на шампиони.
Милан во викенд колото утре му гостува на последнопласираниот Бари.
Фудбалерите на Охрид во рамки на 27-то коло од Втората македонска фудбалска лига денес играат со екипата на Кожув Гевгелија Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 16 часо...
Во рамки на шестото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на Бутел Ни доаѓа екипата на Бутел, една млада екипа која многу трча и игра модерен ракомет ...
Навивачите на Ливерпул од Охрид и регионот организираат хуманитарен собир за помош на настраданите во трагедијата во Кочани На собирот кој ќе се одржи на 11 мај со почеток од 12ч во Ресторан Лихни...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.