Врховниот суд и’ нареди на “Сахара груп”, компанијата на милијардерот Субрата Рој да ги предаде тапиите на своите имоти вредни 20.000 крори (околу 4 милијарди долари) на регулаторното тело СЕБИ во рок од три недели, пишува Утрински весник.
Врховниот суд, исто така, соопштил дека ако “Сахара груп” не ги предаде тапиите во рок од три недели, тогаш Субрата Рој и други директори не можат да ја напуштат земјата без негова дозвола.
“Нема бегање и парите мора да се платат. Си дозволивте премногу да се криете, веќе не можеме да ви веруваме”, соопштил судот.
“Сахара” треба да ги предаде документите за сопственост на СЕБИ до 11 ноември, а Врховниот суд ќе го разгледува случајот на 20 ноември.
Претходно, Врховниот суд побара од “Сахара” и СЕБИ да изнајдат механизам групата да врати околу 4 милијарди долари на измамените инвеститорите.
Судот ги разгледуваше петициите поднесени од СЕБИ против Рој, двете фирми и нивните директори поради невраќање на парите на инвеститорите во рок.
Според индиските весници, СЕБИ се пожалил до судот дека “Сахара груп”, која предала меница од 5.120 крори на 5 декември минатата година, не го исплатила останатиот дел од сумата.
OhridNews
извор: Утрински весник