Кичевчанецот Вецко Вренцоски е нов член на охридскиот фудбалски клуб кој сезонава ќе се натпреварува во Втората лига. 28-годишниот фудбалер со „рибарите“ потпиша едногодишен договор.
Вренцоски се појави на првиот тренинг од клубот и после договарањето на сите детали двете страни одлучија за соработка. Кичевчанецот кој во минатото настапуваше за Напредок и Влазрими ќе биде вистинско засилување за офанзивната линија во екипата.
Фудбалскиот клуб Охрид во летниот преоден рок претходно се засили Љупче Трпески, Александар Целески и Мартин Лекоски кои дојдоа од Кораб и голманот од Победа Дарио Котевски.
Подготовките на „рибарите“ се полн ек и максимално во форма ќе ги пречекаат мечевите во Втората лига кои ќе започнат на 24 август.
OhridNews