Како што веќе објавивме по жалба на адвокатот на капетанот на решението на Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид, Апелацискиот суд во Битола го преиначи решението и му одреди домашен притвор на Филески во траење до 30 дена.
Тој вчера од затворот во Охрид со полициско возило беше пренесен до неговиот дом каде ќе биде под посебен надзор. По истекот на домашниот притвор Кривичниот суд ќе донесе одлука за евентуално негово укинување, што во голема мерка ќе зависи од текот на истрагата која се очекува да финишира со вештачењето на бродот „Илинден“.