Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Во Охрид и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 11 до максимални 23 степени.

Максималната температура во државава ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 4 степени. За време на викендот ќе има и услови за слаб локален дожд претежно во планинските подрачја, а в недела и услови за појава на ретки грмежи.

 

OhridNews