Претпладне по котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност и во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Вдолж пошироко Повардарие ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Охрид времето променливо облачно. Минималната температура од 5, а максималната ќе го достине 14 степен целзиусов.
Утре и в сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе ги спушти дневните температури за неколку степени и ќе ги намали условите за појава на утринска магла. Во недела се очекува намалена облачност и претежно сончево време.
OhridNews