Претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. На југоистокот врнежите од повремен дожд ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 6 степени.
Во Охрид облачно време со услови за врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.
OhridNews