Времето денеска изутрина ќе биде постудено и по одделни котлини ќе има слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени Целзиусови.

Во Охрид Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Минималната температура од 12, а максимална до 22 степени целзиусови.

Од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат позастапени во западните и јужните делови.

 

OhridNews