Црвени ружи и охридски бисери за норвешките ракометарки на невообичаениот пресс состанок, во центарот на Охрид.

Европските првенки опркужувани од педесетина новинари кои во Охрид пристигнаа да известуваат за натпреварите од Европското Првенство, ја покажаа сета своја професионалност.


Норвешките новинари на еден доста различен начин ја пренесуваа атмосферта во таборот на бранителот на трофејот во пресрет на натпреварите од втората фаза.


Ракометерките се чуствуваат добро и се изненадени од гостпримољубивоста во Охрид. Репрезентативката Кари Алвик воодушевена од Охрид вели :

Пријатно сум изненадена, Ми се допаѓа климата овде, времето е далеку по топло од кај нас. Градот е прекрасен а воодушевена сум од природните убавини. Не очекува интрересна недела на првенстовото и се надевам дека ке се бориме за медал.


Новинарот од Норвешката ТВ2 Кристијан Ома вели дека прошетал над 30 земји во Европа но дека Охрид му оставил огромен впечаток.

За прв пат доаѓам во Македонија и од она што досега забележав атмосферта е одлична. Луѓето се пријателски расположени и Охрид ми се допадна, можам само да замислам како е за време на летото.

Во краткиот период, по редовните забави во дискотеката “Парк“ норвешките новинари успеале да ја научат македонската навивачка химна од Тоше.   


Норвешката експедиција својот попладневен престој во Охрид ќе го паметат и по охридските бисери кои ги добија на поклон во охридската чаршија. 

М.Постоловски