Постои народната: Она што не се одржува – пропаѓа. Заедно со добрата и реализирана идеа, ќе пропадне и детското игралиште изградено пред некое време од општината, а донирано од „Македонски телекомуникации“. Местоположбата на игралиштето е идеална (помеѓу кејот и мостот), најфреквентното шеталиште во Охрид. Кога се отвори секојдневно беше „полно“ со деца, но сега се` помалку бидејќи инвентарот (нишалки, лизгалка, маси) или е искршен или р`ѓосува. После дожд неколку дена не се влегува поради кал „до колена“.
Оној што го градеше паркот (општината) треба да се погрижи и за негово оджување. Колку може да чини кило – две боја, неколку штички, вештачка (или вистинска) трева и дневница за мајсторот? Три илјади денари?Пет? Со малку пари ќе се спаси едно детско катче, толку ретки во нашиот град.


ЗОШТО ВАКА ?!?

С. Костоски