Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието, каде повремено ќе достигне и брзина над 60 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.
Во Охрид сончево со повремено засилен ветер од северозападен правец. Минаималната температура од -2, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Под влијание на нов влажен и студен бран кон крајот на денот во сабота ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат в недела, велат од УХМР.
OhridNews