Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Температура ќе биде во интервал од -4 до 8 степени.
Во Охрид времето сончево. Минималната температура до -8, а максималната до 5 степени.
До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. И утре утринските температури ќе бидат многу ниски, на места ќе се спуштат и под минус 10 степени. Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, претежно во западните делови. Од недела попладне ќе има повремен локален дожд, велат од УХМР.
Најстудено утрово е во Берово и во Маврово со -13 сетепени. На Попова Шапка се измерени -12, во Крива Паланка -11, Скопје и Битола -10, во Штип, Куманово, Демир Капија, Дебар и Крушево -9, во Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -7, Гевгелија -5 и Дојран -4.
Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум, информира УХМР.
OhridNews