Наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во Охрид времето сончево. Температура во интервал од -7 до 3 степени.

До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено утре и во четврток кога на места ќе се спуштаат и под минус 10 степени. Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла, велат од УХМР.

OhridNews